Гучи има нова фантастична кампања

5 јануари 2016

Берлин во 80-те години од минатиот век е амбиентот во кој е сместена новата пролет-лето кампања на престижниот бренд Гучи.

Колорна и ретро, кампањата зрачи со урбан дух каков што е и самиот Берлин.
Кампањата ја фотографираше култниот Глен Лачфорд на повеќе локации во градот на уметноста.

„Бубалица" стилот е задржан и во оваа кампања, во која се испреплетуваат и еклектичниот сензибилитет на уметничкиот директор Алесандро Мишел со романтичниот дизајн базиран на неодоливи флорални принтови, фалтирани здолништа и ѕвонести панталони.

Гучи и Берлин е неодолива комбинација!

 

Објавено:
5 јануари 2016
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
538 пати