H & M ја создаде најубавата колекција за вашите бебиња!

12 јули 2016

Иако е познато дека облеката што ја носат бебињата многу брзо ја пораснуваат, па затоа речиси секој ќе ви каже да не инвестирате премногу пари во истата.

Токму поради тоа, родителите речиси секогаш се во потрага по удобни парчиња за нивните најмили, но и по такви за кои не треба да одвојат голема сума пари.

Една таква колекција преполна со убави работи и модни додатоци за бебиња неодамна лансираше модниот бренд H & M.

Линијата ја нарекоа Baby Exclusive, а во истата ќе најдете уникатни парчиња на кои ниту еден родител нема да остане рамнодушен.

Голем дел од парчињата се направени од органски памук кој е совршен за детската нежна кожа. Во понудата ќе најдете преслатки мини кошулки, плетени елечиња, кардигани, куси панталончиња, фустанчиња и комбинезони со ведри принтови.

Сите парчиња се во нежни летни бои кои асоцираат на детската насмевка, а веруваме дека ќе го обожавате секое од нив.

Објавено:
12 јули 2016
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
2.419 пати