Сè уште се во тек пролетните свечености за кои секогаш сакаме да се дотеруваме, а многу често е тешко да ја пронајдеме вистинската комбинација.
Секогаш е најлесно да одбереме некое фустанче со кое ќе оставиме впечаток и добро ќе го искомбинираме со разни модни додатоци.
Омилениот high street бренд H&M има нова колекција полна прекрасни фустани за кои знаеме дека ќе ви се допаднат.
Тие ја презентираа колекцијата во вистинско време, пред почетокот на летото и сите забави кои тоа ги носи со себе.
Колекцијата тие ја презентираа преку едиторијалот All Dressed Up, а истиот се состои од неколку прекрасни девојки кои се забавуваат, облечени во новите парчиња на брендот.
Дел од истата се лелеави фустани од совршени материјали за лето, тантелни блузи и здолништа, нежни парчиња од свила, многу карнери и неодоливи модни додатоци.
Колекцијата нуди за секого по нешто, а со оглед на прифатливите цени, веруваме дека и вие ќе го најдете вашиот фаворит.
Извор и фото: Fashion.hr