H&M ги оживеа култните принтови на Ричард Ален во новата есенска колекција

21 август 2019

Еклектичните 60-ти години се основата на новата колекција на H&M во соработка со британскиот бренд Ричард Ален, која неодамна беше промовирана пред светската јавност со фото едиторијал.

Ретро принтовите препознатливи за британската модна куќа основана во 1962 година, се најпрепознатливата карактеристика на оваа есенска колекција која изобилува со широк избор на модели и силуети.

Принтовите се преземени од архивата на Ричард Ален и се сместени во модерен контекст соодветен на современата улична мода.

Колекцијата ќе биде достапна во продажба од почетокот на септември.

 

 

Објавено:
21 август 2019
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
1.915 пати
Тагови: 
H&M