H&M имаат прекрасна деловна колекција во соработка со италијанскиот бренд Giuliva Heritage

2 септември 2020

Шведската етикета H&M нè подготвува за враќање во канцеларија со стил. Во соработка со италијанскиот бренд Giuliva Heritage, препознатлив по беспрекорните, строги кроеви и квалитетнте материјали, дизајнираа линија со елегантни парчиња што совршено прилегаат на деловната слика на современите бизнис жени.

Колекцијата која ќе биде пуштена во продажба утре, на трети септември, ќе понуди традиционални парчиња што меѓусебе може да се комбинираат, а со тоа да одговорат и на функционалните, покрај естетските потреби на дамите.

Освен елеганцијата, клучна карактеристка на колекцијата е нејзината одржливост, па во изработката користени се материјали како рециклирана волна, рециклиран полиестер и органски памук.

Женствени капути и елеци, совршено скроени блејзери, панталони со висок струк, ролки, во беж нијанси, тегет и бордо, ја сочинуваат префинетата селекција.

 

Објавено:
2 септември 2020
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
3.387 пати