H&M имаат нова колекција со свечена нота надополнета со моќен накит

23 ноември 2020

Парчиња со романтичен шарм во контраст со моќен и масивен накит – вака некако би го дефинирале првиот впечаток за новата колекција на шведскиот бренд H&M со свечена нота.

Се работи за ново продолжение на веќе традиционалната H&M Conscious колекција, која овојпат изобилува со раскош и елеганција, доловени преку префинет избор на материјали и ткаенини.

Централниот фокус е на фустаните, особено оние со волуменозен крој, но не се исклучени ниту моделите со сексапилен тон, што ја следат и нагласуваат линијата на телото. Панталоните во широк крој и со висок струк, исто така се застапени, како одлично базично парче за бројни комбинации.

Посебен акцент е ставен и на накитот, чиј дизајне моќен, видлив, па дури и доминантен и впечатливо ја надополнува секоја комбинација.

Објавено:
23 ноември 2020
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
465 пати