H&M се подготви за училиште!

17 август 2016

Иако крајот на летото не е омилен период на оние што од септември повторно ќе седнат во училишните клупи, уличниот бренд „H&M“ ќе се обиде да го направи почетокот на училишната година што попривлечен.

Се работи за новата колекција H&M Divided, наменета за помладите купувачи на брендот, особено тинејџерите. За оваа есен, тие предлагаат да се носат удобни и широки парчиња, особено кога се момчињата во прашање. Едноставни дуксери, бомбер јакни се нешто што веројатно секој средношколец ќе посака да го има.

Од друга страна пак, за девојчињата во тренд ќе се ролките, панталоните со висок струк, плетенините, ретро здолништата во А-крој со копчиња во предниот дел.

Сето ова може да се комбинира со патики и интересни модни додатоци, па веруваме дека воопшто нема да биде тешко да се осмисли новиот стајлинг за стартот на новите училишни авантури.

Објавено:
17 август 2016
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
772 пати