H&M со богат избор на капути и јакни за љубителите на слоевитото облекување

18 август 2014

Дел од нас уживаат во летните температури и лежерниот стил кој најчесто вклучува лесни и едноставни парчиња облека, но љубителите на слоевитотo облекување со нетрпение ги очекуваат есенските денови кога ќе можат да комбинираат повеќе парчиња истовремено.

На голема врата ни пристигнуваат најавите од сите светски брендови за тоа кои се нивните есенски тенденции, а модниот гигант H&M особен фокус стави на капутите и јакните кои секако се значаен дел од сечиј плакар.

Според новиот лукбук кој го подготви брендот, може да прогнозираме стилско шаренило кога е во прашање избор на капути или јакни за сезонава.

Совршени кожени јакни, класични капути со дворедно закопчување, палта со елегантна А линија, но и  такви со удобни и широки форми, се дел од изборот кој H&M го направи за претстојната есен.

 

Објавено:
18 август 2014
Категорија: 
Колекции