HONEY - Носталгичен копнеж по минатото време

1 април 2021

Младиот дизајнер Христијан Младеновски го презентира својот нов едиторијал и колекција насловени како HONEY.

Како вели, колекцијата се базира на инспирација од стилот Арт Нову, кој се ширел во текот на 1920-тата. Составена е од машка и женска облека, во која одредени парчиња симболизираат слобода на движење, сексуална ориентација, ноќен живот и други слични карактеристики на бурните 20-ти.

-Оваа колекција е родена од носталгичен копнеж за минато време. Користените материјали доаѓаат од природни и синтетички потекла со посебен акцент на додатоците како еден од најистакнатите трендови на Арт Деко. Секоја од присутните бои носи одредена симболика. Црното претставува закана, мистерија и раскош. Црвената боја претставува Љубов, страст и бес. Браун симболизира сериозност, топлина и поддршка. Од друга страна, портокаловата се залага за привлечност и нагласување на жедта. Силуетата „I“, карактеристична за 20-тите години, зазема централно место во рамките на колекцијата. Истото важи и за обликот на машкиот костум.  Женскиот накит најчесто се изработувал од бисери за кои се сметало дека симболизираат чистина и луксуз. Сепак, колекцијата содржи и накит од циркон, вклучувајќи метални детали. Друг апсолутен тренд на громогласните или слатките 20-ти години беа чанти и ракавици кои исто така се вклучени во оваа колекција - објаснува Младеновски.

Покрај сето ова, името „HONEY“ е одбрано бидејќи овој збор често се користел меѓу паровите во секојдневната комуникација, но исто така е многу репрезентативен за самиот временски период.

Инаку, дизајнерот, во овој едиторијал се става себеси во автореферентен систем како модел, претставувјќи ја атмосферата на 20-тите години од минатиот век. Зад фотографиите се потпишува Стефан Соколовски.

 

Објавено:
1 април 2021
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
115 пати