Традицијата продолжува. По завршетокот на модната недела во Париз, модното дуо Долче и Габана во Милано ја претставија својата колекција од Висока мода.
Лани тоа го направија на сцената на Миланската Скала, а оваа година на сосема ново и неочекувано место, во уметничко-индустрискиот дел на градот.
-Бевме фасцинирани кога дојдовме овде пред една година. И двајцата ја сакаме операта. И бидејќи сме Италијанци, драмата ни е во крвта – велат дизајнерите.
Водени токму од тоа, тие се инспирираа од дел од најпознатите опери – „Травијата“, „Боеми“, „Мадам Батерфлај“, „Волшебната флејта“, проучувајќи ги костимите во секоја од нив.
Но, на страна операта како референца, колекцијата е составена од луксузни и светкави парчиња за, како што велат дизајнерите“, новата генерација.
-Креирајќи ги овие парчиња, мислевме на ќерките на нашите клинети, кои би сакале да ги видиме во нив. А воедно го поставуваме и прашањето, Која е следната генерација на couture клиенти? – вели Габана.
Од таа причина, тие за сезона пролет 2017 задржаа нешто познато и додадоа нешто ново. Создадоа нови дезени во стилот на „Долче и Габана“, притоа не заборавајќи ги тантелата, везот, модните додатоци – чантите, накитот, кои одат и рака под рака со уличната мода.
Сетот е креиран од посебен тим на стручни лица, а во продолжение погледнете ја целата колекција и споделете ги со нас вашите впечатоци.