„Исабел Марант Ресорт2020“ : Трендови обединети во 23 комбинации

11 април 2020

Дизајнерката Исабел Марант секогаш нуди комбинации кои лесно можете да ги приспособите и на сопствениот буџет. Нешто што можете да го видите и во излозите на уличните брендови.

Модерно. Непретенциозно. Лежерно. Впечатливо. 

Со таа формула се служи и во последната ресорт колекција за 2020 година.

Кај неа ќе видите обединети актуелни трендови претставени во 23 комбинации.

Естетиката од 80-тите е прилично застапена и во 2020 година. Нагласените ракави, фармерките со фалти и со висок струк. Генерално, нагласувањето на половината, потоа широки џинс јакни, металик чизми, чизми со набори... Сетоа тоа е тренд и годинава, а Марант успешно го обединува во својата колекција.

Додава малку париски „шмек“ со комбинацијата ролка+кошула, како и лежерноста со која овие парчиња можат да се носат. Преку позите презентира и доза заводливост која би требало да ја содржиме во себе.

Ако ја разгледуваме колекцијата од аспект дали понудила нешто ново - секако дека не се работи за револуционерни модни изданија.

Но, сепак е одличен пример за тоа како со стил да се понесат трендови, кои можат да бидат спој на парчиња што веќе ги поседувате (можеби и од 80-тите) и некои нови.

Погледнете:

Објавено:
11 април 2020
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
812 пати