Источната мистика како мотив во новиот едиторијал со Соланж Ноулс

17 април 2014

Минатата недела во јавноста се појави видео во кое Соланж со својата сестра настапува заедно на фестивалот Коачела, а веќе денес е лансиран новиот едиторијал на магазинот The Ground во кој како главна тематика е токму мистичноста на Истокот.

Азиската култура отсекогаш била неисцрпна тема за инспирација, а тоа најдобро се гледа преку овој едиторијал каде кимоната, лепезите и традиционалните чевли добиваат една сосема нова, модерна конотација.

Објавено:
17 април 2014
Категорија: 
Колекции