И тоа од повеќе причини. Кристофер Бејли уште еднаш покажа дека ја прави вистинската работа за овој бренд.

Ревијата на Барбери Прорсум повторно беше вистинско доживување. Во присуство на оркестар од 32 члена и вокалот на Алисон Моје и креација од црна тантела започна шоуто.

Токму тантелата, која сепак најчесто беше застапена во земјени тонови и апликациите беа нешто и не толку својствено за брендот. Но, функционираа добро, особено во комбинација со блејзерите и мантилите со строги кроеви, кои веќе наликуваа на она што Барбери го негува како естетика. Токму тие беа украсени и со златни копчиња, од истото место, задолжено за украсувањето на униформите на кралската гарда.

Внимание привлекоа и неколкуте транспарентни фустани, особено оној во бордо боја.

Но, Кристофер Бејли посебно добар чекор направи употребувајќи ги „flatforms“ наместо елегантни чевли, кои се веќе на листата на must have парчиња за следната сезона. На истата листа се  наоѓаат и чантите, а особено ранците во црна и златна комбинација, со потпис на оваа куќа, за сите што го негуваат урбаниот стил.

Мажите не беа изоставени ниту во оваа колекција на Барбери. Бејли одлучи за следната пролет да го наметне трендот на комбинирање на елегантна со спортска нота, па видовме тантелни кошули, лежерни блејзери во стилска комбинација со тренерки.

Првите реакции на ова модно шоу се и повеќе од одлични. За влијанието, традицијата и популарноста на оваа модна куќа, говори и големиот број публика што секојпат го следи.

Ѕвездите секако не изостанаа, па во првите редови вниманието на фотографите го привлекоа Кара Делевињ која дојде во присуство на својата партнерка, потоа Кејт Мос, Џордан Дан, Попи Делевињ, Сиена Милер, Ана Винтур и други.

Освен Барбери, вечра, на претпоследниот ден се претставија и Ердем, Антонио Берарди, Роксанда, Питер Пилото, Кристофер Кејн, а дел од нивните колекции погледнете во галеријата во продолжение:

 

Објавено:
22 септември 2015
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
489 пати