„Јас не сум објект“ - порачаа Алмир Мили и Ивана Цветковска со моден перформанс на FWSK

5 април 2015

Дека модата секогаш остава простор да се испрати силна порака за различни општествени прашања, полемики и проблеми потврди и вечерашниов моден перформанс на младите креативци Алмир Мили и Ивана Цветковска, кои во рамките на Модниот викенд Скопје порачаа „Да ставиме крај врз наслиството врз жените и девојчињата - сега!“.

Алмир и Ивана креираа капсулни колекции мотивирани од кампањата на Канцеларијата на UNDP во Скопје против насилството врз жените .

Маичките со интересни илустрации што испраќаат сушетински пораки на оваа тема, во промотивната кампања за мини колекцијата ги носеа шест жени: Индира Кастратовиќ, Наташа Петровиќ, Милена Антовска, Лабина Митевска, Ана Јовковска и Вера Милошевска кои го поддржаа овој креативен проект преку кој се испраќа алармантен глас до пошироката јавност.

„Концептот на модниот перформанс беше инспириран од еден проблем кој за жал се' уште постои и во ова современо живеење, насилството врз жените и девојчињата. Јас во мојата колекција вметнав и крзно во розова боја, што не е вообичаено за сезоната која ни претстои, но поентата ми беше друга. Сите жени кои се соочуваат со насилство, се кријат под превезот на лажниот „среќен“ живот, а во мојов случај тоа го симобилизира розовото крзно“, го објаси Алмир својот концепт за колекцијата насловена  „Титуба“, што произлегува од името на една од првите жени осудена како вештерка во време кога најголема казна за жената е да биде едуцирана и да има свој Глас.

Во вториот дел од перформансот на истата тема, беше промовирана капсулната колекција на Ивана Цветковска. Таа понуди колекција во која акцентот беше ставен на вреќестата спортска облека во сиви тонови. Лежерна, но со концизна порака, во нејзините парчиња се рефлектира животот на улица и стилот инспириран од уличната мода.

„Колекцијата ја работев  околу еден месец, инспирирана е од улицата, односно уличната мода. Сметав дека улицата е најдобро место од каде што може да се почне и да се пренесе некој тренд. Мислам  дека модните студија не се толку важни, колку што се младите луѓе и тие се тие што ја креираат модата. Мојата порака е дека насилство со насилство нема да се сопре, затоа мојата колекција беше направена во тој стил, да не биде премногу нападно, да не биде агресивно, но да биде софистицирано, апстрактно за да ги поттикне луѓето да разислуваат, бидејќи насилството е многу присутно, но сите или молчат или гледаат на друга страна“, објаснува Ивана.

 

Мода со порака, прочитајте ја во продолжение...

 

Објавено:
5 април 2015
Категорија: 
Колекции