Јулија Ракел ја претставува есенската колекција за жени со облини

16 август 2013

Брендот IGIGI кој е познат по создавањето облека за жени со повеќе килограми, основан од познатата американска дизајнерка Јулија Ракел, промовираше дел или вовед од есенската колекција што набрзо ќе биде прикажана во целост. Во колекцијата пред се преовладува темата на романтизмот и субверзивната женственост преплетена со богати текстури и раскошни бои. Елегантните и гламурозни фустани се внимателно изработени, така што ја потенцираат женската убавина и силата во една жена, без разлика колку килограми таа има.

-Боите и текстурите во оваа есенска колекција се одраз на силата на жената и нејзиниот живот. Таа се стреми кон работите во животот што се најважни за неа, ослободена од сите општествени ограничувања. Најточно, жената што ќе ги носи овие фустани може слободно да се поистовети со женските ликови од филмовите на Федерико Фелини, вели Ракел.

Инаку, оваа есенска кампања на IGIGI е фотографирана од славниот фотограф Марк де Паола, а брендот фуккционира од 2000 година со седиште во Калифорнија, додека мисијата на истиот е да се трансформира погледот во светот кон убавината преку дизајнирање облека што ја истакнува убавината на жената без оглед на килограмите.

Објавено:
16 август 2013
Категорија: 
Колекции