Долги години студио Кафтан важи за еден од омилените балкански брендови со огромен број вљубенички во нивните парчиња.

Неодамна тие ја објавија нивната нова колекција венчаници во која сместија 15 парчиња што ќе им се допаднат на сите дами што наскоро треба да го кажат судбоносното „да“.

Од модното студио ќе кажат дека колекцијата настанала како одговор на барањата на сите модерни невести кои сакаат малку поинакви фустани.

Како што посочуваат од брендот, секоја невеста која сака да ја круниса љубовта во нешто поинаква венчаница, сега ќе ја има можноста за тоа, а во истата ќе може и слободно да се движи и да танцува цела ноќ.

Покрај венчаниците, дизајнерите на брендот во колекцијата сместија и прекрасни детали како украси за коса, стилски палта со карнери, велови и слично.

И овојпат, на дел од фустаните се забележува пеперутката како заштитен знак на брендот, овојпат во прекрасна нежна бела боја.

Инфо и фото: Modamo.info

Објавено:
25 март 2019
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
524 пати