Како дамите со различни профили носат парчиња од Зара?

9 септември 2014

Така и овој пат, дамите кои се дел од овој проект се од сферата на музиката, модата, филмот и уметноста.  На службената веб страна се поставени фотографии на кои можеме да ги видиме Гаранс Лоре, Јошимо Крис Веб, Карлота Оди, Ленгли Фокс и Жанис Алида.

Дамите на свој начин се претставија со парчиња од есенската колекцијана Зара и тоа со фотографии кои се направени како дел од нивното секојдневие. Успехот на проектот е постигнат благодарение на едноставните фотографии кои прикажуваат како во реалниот живот дамите носат парчиња од модниот бренд, без притоа да се прави естетски среден и професионален лукбук.

Објавено:
9 септември 2014
Категорија: 
Колекции