Како од детска фантазија – бајковита колекција за девојчиња со потпис на Елена Лука

12 јуни 2017

Детската имагинација е бесконечна, колоритна, игрива и креативна. Токму таква е и новата колекција бајковити фустани за посебни прилики за девојчиња, што ја креираше модната куќа Елена Лука.

Романтичната естетика е застапена во целата колекција која се состои од уникатно дизајнирани фустани со рачно доработени детали како што се флоралните апликации и впечатливите везови, што им даваат неповторлив, магичен изглед.

 Кроевите се лелеави, асиметрични, претежно во „принцеза" стил, а колоритот варира од нежни и пудрести тонови, па се до интензивни нијанси на црвената боја.

Новата колекција Елена Лука ја презентираше преку симпатичен едиторијал низ детската игра на прекрасните Лина, Анастасија и Талија.

 

 

 

Објавено:
12 јуни 2017
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
904 пати