Каков татко таков син – зимска колекција за мажи и деца на Долче и Габана

26 јуни 2014

Пред некој ден модниот двоец Доменико Долче и Стефано Габана не разнежни со промоција на зимската колекција за жени, која беше адаптирана и за малите верзии на сите мајки, нивните ќерки. Следејќи го успешниот пример, познатите дизајнери решија истото да го направат и со промоцијата на машката зимска колекција. Малите момчиња можат многу да научат од нивните татковци кои треба успешно да им го пренесат чувството за модна естетика на своите мали верзии.

Колекцијата е вклучува костуми, кошули, џемпери, блузи, маички и панталони главно украсени со средновековни принтови во впечатливи зелени, кафени, сиви и црни нијанси.

Навистина нема ништо послатко да видите како низ улица проаѓаат татко и дете кои се исто облечени. Одлична идеја за реинтерпретација на модните перцепции за оваа зима кои се адаптирани и во детска верзија. Погледнете ги четирите фотографски рамки кои дефинитивно го измамија слатки воздишки кај сите родители, а богами и кај оние кои треба да станат.

 

Објавено:
26 јуни 2014
Категорија: 
Колекции