Какви трендови презентираат пред-есенските колекции

7 декември 2013

зСледната есен ќе биде весела, ако судиме според најавните есенски колекции на дизајнерите. Во продолжене погледнете какви тенденции ќе има во сезона есен 2014.

Живи бои

Етро, Барбери, Мисони

Голем број од дизајнерските куќи во пред-есенските колекции се одлучија да направат отстапка од досадните кафени и генерално темни нијанси. Така, розовата, зелената, сината, жолтата, црвената се боите кои се среќаваат во колекциите на Филип Лим, Дона Каран, Диана фон Фурстеберг, Етро...

Црно-бели комбинации

DKNY DKNY

Тори Бурч, Александар Ванг, Зак Позен

Тоа е речеси во сите колекции основата. Не постои колекција која не содржи парчиња со оваа комбинација на бои, или пак парче само во црна или бела боја.

Дезени

Етро, Барбери, Тори Бурч Етро, Барбери, Тори Бурч

Покрај со боите, разиграност може да се постигне и со дезените, а токму тоа и го има во пред-есенските колекции. Филип Лим се користи со текстура и дезени инспирирани од берлинската архитектура, Тори Бурч се одлучи за точки, а и Етро и Фенди се одлучуваат за овој тренд.

Металик

Барбери, Филип Лим, Зак Посен Барбери, Филип Лим, Зак Позен

И во пред-есенската колекција Зак Позен останува доследен на својот елегантен стил, а токму елеганцијата ја надополнува со изборот на интензивни бои и металик сјај. Овој тренд е застапен повторно кај Филип Лим, кој го комбинира во секојдневните комбинации.

Строги и геометриски форми

Фенди, Филип Лим, Александар Ванг Фенди, Филип Лим, Александар Ванг

Машките, строги кроеви на женско тело е исто така една од тенденциите за наредната есенска сезона. Доколку сте љубител на ваков спој, можете да се инспирирате од колекците на Александар  Ванг или кај Фенди. Александар Ванг машките кроеви ги комбинира со high tech влијанија, додека кај Фенди е застапена и асиметричноста.

Објавено:
7 декември 2013
Категорија: 
Колекции