Кара Делевињ е шкотска божица во новата кампања на Малбери

1 јули 2014

Иако пред само неколку месеци беше лансирана кампањата на Кара Делевињ за Малбери, во која таа изгледаше сосема нежно опкружена со животни, се чини дека модната куќа не мирува. Овој пат, модната куќа се одлучи за одлична кампања направена во волшебните шкотски планини, фотографирана од одличниот Тим Вокер, во која секако, повторно се појавува Кара.

Под креативно водство на Вокер, Кара на еден посебен начин ги освојува шкотските планини со одличната колекција на модната куќа во која овојпат можеме да видиме карирани здолништа, плетени нежни џемпери, кожени јакни и лесни кошули.

 

Одличните Малбери предлагаат и воени ранчиња како модни додатоци, повторно одлични чанти во неколку бои, а овојпат и тотално кул обувки, односно куси чевли со интересен дезен и гумени чизми комбинирани со високи плетени чорапи.

Пред само неколку месеци модната куќа објави значаен пад на профитот, па со постојаниот ангажман на Кара тие се надеваат дека работите во компанијата барем малку ќе се подобрат.

Неодамна, модната куќа најави и достапна линија на чанти дизајнирани од манекенката, што исто така би требало да ја спаси оваа модна куќа од лошата состојба во која се наоѓа во моментов.

Објавено:
1 јули 2014
Категорија: 
Колекции