Каролин Марфи во есенската кампања на Макс Мара

30 јуни 2014

Модната куќа Макс Мара позната по своите елегантни и софистицирани дизајни кои секогаш ја акцентираат удобноста на моделите, како заштитно лице за есенско-зимската кампања ја одбра  Каролин Марфи.

Американската манекенка и актерка Каролин Марфи првенствено беше избрана за заштитно лице на брендот за козметика Есте Лаудер, а оваа сезона продолжува да собира трофеи бранејќи ги боите на есенската колекција на италијанскиот бренд Макс Мара. Каролин со голема леснотија и елеганција ги износи и префинетите парчиња за есен на модната куќа. Преовладуваат едноставниот крој и предимензионираните парчиња но и такви кои ја следат силуетата на телото чии бои градираа околу земјените нијанси сива, кафена и зелена. Комбинациите се надополнети и со модни додатоци како чанти, марами и очила за сонце.

Објавено:
30 јуни 2014
Категорија: 
Колекции