Каролина Ерера пролет 21: Колекција за жени што сакаат да се дотеруваат

2 октомври 2020

Вес Гордон неодамна ја презентираше пролетната колекција за „Каролина Ерера“. За странските медиуми ќе изјави дека ова е една од омилените негови колекции откако е во брендот.

И додека други дизајнери посегнаа по естетиката која имаше за задача да зрачи со удобност и секојдневност, а се' како инспирација од ситуацијата предизвикана од пандемијата и седењето дома, Гордон одлучи да го направи спротивното - облека за забави.

Тој потенцира дека оваа колекција е наменета за жени што сакаат да се дотеруваат.

„Изгледот и организацијата на прославите во време на Ковид-19 се поинакви, но се' уште постојат родендени, свадби, поводи за славје. И жените сакаат да се дотеруваат. Без разлика, дури и да е прослава со најблиските, зошто да не се облечете убаво“, смета Гордон.

Инспирацијата ја нашол во стилот на Шаде, самата Каролина Ерера, Миа Фероу, сакајќи да создаде креации кои ќе го привлечат вниманието.

Затоа, не изненадува присуството на интензивни дезени, меѓу кои точките се најзастапени и веќе некако се навикнавме да го видиме тоа од него. Покрај тоа, тој си игра и со тулот, а посебно ни се допаднаа минималистичките креации со скултурални делови, кои да ги облечете и за 10 години отсега, ќе изгледаат привлечно.

Речиси сите комбинации се со рамни обувки и суптилни модни додатоци, меѓу кои панделките се издвојуваат. 

Погледнете:

Објавено:
2 октомври 2020
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
1.554 пати