Каролина Иса дизајнираше колекција за L. K. Bennett

22 мај 2013

Колекцијата модни додатоци е составена од шест пара кожeни чевли и две клач-чанти извезени со неонски, розеви, портокалови, жолти и зелени нитни. Од претставените модели можете да бирате помеѓу салонки со ниска потпетица или пак сандали на висока потпетица, со ремен околу глуждот или пак со мали прорези .

Исто така, модната уредничка дизајнираша клач-чанти во две варијанти, од кои едната потсетува на старински паричник. Доколку сте заинтересирани за некои од понудените модели, можете слободно да ги порачате од службената страна на L. K. Bennett.
Објавено:
22 мај 2013
Категорија: 
Колекции