Ќерката на Мадона, Лурдес Леон, стана заштитно лице на најновата кампања на Марк Џејкобс

23 февруари 2021

Покрај ќерките на Хајди, Моника Белучи и Синди Крафорд, и ќерката на Мадона имаше успешен старт во модните води. Кога вашата мајка е поп и модна икона, мора да одржувате некоја репутација, па по сè изгледа дека Лурдес Леон добро се снаоѓа.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Marc Jacobs (@marcjacobs)

Динамичната девојка, чиј татко е актерот Шон Пен, стана заштитно лице на последната кампања на дизајнерот Марк Џејкобс за неговиот бренд. 

За потребите на рекламната кампања, Леон позира облека и детали од најновата колекција на дизајнерот.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Marc Jacobs (@marcjacobs)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Marc Jacobs (@marcjacobs)

Соработката на Марк Џејкобс со Мадона е долгогодишна, па овој потег не изненади никого и беше и повеќе од очекуван. Лола (како што ја нарекуваат Лурдес Леон) совршено го искажува младешкиот дух и бескомпромисното чувство на индивидуалност кој го содржи оваа колекција. 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Marc Jacobs (@marcjacobs)

Колекцијата е живописна, цветна, шарена, необична, а вообичаена за љубителите и следбеници на Марк Џејкобс.

За младата Лола ова не е прво искуство пред објективот на модата. Таа работеше на рекламна кампања на Џуси Котур и кампањата за парфем на Стела Мекартни.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Marc Jacobs (@marcjacobs)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Marc Jacobs (@marcjacobs)

Објавено:
23 февруари 2021
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
280 пати