Клое ја промовираше есенската колекција на накит и модни додатоци

6 септември 2013

Само еден поглед кон оваа нова линија на модни додатоци и накит која ја лансираше Клое за студената сезона и ќе се вљубите. Вистинска гозба за очи и возбудувачка интерпретација која со внимателно одбраните принтови и дезени ќе го одземат вашиот здив. Плус ако на сето ова ги додадеме совршените модели на чанти кои прават секоја жена да се чувствува сигурна во себе и во својот секојдневен стил.

 

 

Овој бренд секогаш го спојува префинетото со модерното и едноставното со практичното, па така добива резултат на дискретни, хармонични и неверојатно шик парчиња кои припадничките на понежниот пол ги обожаваат и ги купуваат.

Моделите на чанти генерално се мошне практични со големи рачки за да се носат на рамо и тонови кои се во склад со секојдневниот изглед на жената. Има и такви креации на чанти кои можат да се комбинираат исклучиво во специјални прилики. Се работи за клач-модел на чанта, украсени со златни и метални детали, ненападни, едноставни но убави и елегантни.

 

 

Истиот пристап и концепт како кај чантите е искористен и во дизајнирањето на чевлите. Нема обувки со ултра високи потпетици кои во повеќето случаи се покажале како непрактични. Наместо тоа брендот нуди интересни дизајни во неутрални нијанси, наменети пред се за секојдневни комбинации.

 

 

Новата линија вклучува и накит. Интересен избор на модели изработени главно од месинг и платина. Погледнете ги останатите фотографии и видете дали Клое е вистинскиот избор на модни додатоци за наредната сезона за вас и завршете ја потрагата наградувајќи се со вашето омилено парче.

 

Објавено:
6 септември 2013
Категорија: 
Колекции