...Се добива вчерашната ревија на студентите на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје .

Вториот ден од 14-тото издание на „Моден викенд Скопје“ го отворија со нивната модна приказна, насловена како „Ритам и наука“.

Професорката Лидија Георгиева, под чие водство и се создаваше приказната, успеа да им пренесе на студентите дел од своето искуство при презентацијата, па нејзиното професионално влијание, можеше да се види и во перформансот на почетокот на шоуто – балетска точка што се снимаше со дрон.

За овој настап на „Моден викенд – Скопје“, студентите од насоката за Дизајн и текстилно инженерство соработуваа со студентите од катедрата за Прехранбена технологија и биотехнологија, во кондензација на заедничките идеи, а резултатот беше вчерашното шоу.

- Ритамот беше клучна инспирација за 3Д одпечатоци, мириси, вкусови, дизајн на облека, дизајн на храна, фотографија. Сите сетила беа вклучени во процесот на работа. Денес, повеќе од секогаш дизајнот и технологијата се тесно поврзани, па иднината е токму во продолжувањето на таа соработката од која континуирано постои можност за нови идеи – вели Георгиева.

Студентите ја прикажаа својата умешност во кроевите, комбинирањето на различни ткаенини, но и други материјали, со што создаваа динамика, боите, отпечатоците беа нишка што проткајува речиси низ целата групна ревија, а сè со цел да прикажат како ритамот ги инспирирал и како го преточуваат во креација. Ритамот е вибрација, бран, движење, звук, пулсирање, кое им дава можност за понатамошно развивање на креативната замисла.

Идните дизајнери внимавале и на деталите, па дел од обувките беа украсени во склад со креациите.

Инаку, вчерашната ревија беше надоградба и зацврстена приказна од годишната ревија на стутендите по дизајн на ТМФ која беше одржана во јуни годинава.

Со тоа може да се рече дека овие млади креативци успешно ја завршуваат календарската година, побогати за уште едно искуство на почетокот на нивното чекорење на модната сцена.

Освен професорката Лидија Георгиева, создавањето на оваа креативна лабораторија беше во соработка и со асистентката Јана Клопчевска. 

Во галеријата погоре погледнете што сработеа.

Објавено:
1 ноември 2016
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
1.513 пати