Кога Оливија Палермо комбинира празнични парчиња...

8 ноември 2016

Како глобален амбасадор на брендот Banana Republic, Оливија Палермо беше логичен избор да ја претстави нивната нова празнична колекција.

Од сите парчиња на брендот, таа создаде неверојатни комбинации во кои сите девојки ќе се вљубат од прва.

Кампањата за празничната, зимска колекција на брендот и официјално беше пуштена низ медиумите на 7 – ми ноември, а наскоро и на продажба.

Беспрекорниот и неверојатно женствен стил на Палермо се провлекува низ речиси сите прекрасни и тренди парчиња, меѓу кои ќе најдете и крзно, кашмир, многу неутрални бои и модни додатоци.

Со оглед на нејзиното искуство во светот на модата, воопшто не треба да не чуди фактот што тимот на брендот и дозволил таа самата да ги комбинира и стилизира сите парчиња што ги гледаме во кампањата.

Оливија Палермо уште еднаш докажа зошто е една од омилените светски трендсетерки која секогаш има што да каже.

Објавено:
8 ноември 2016
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
1.240 пати