Овие денови Валентино ја претстави последната заедничка кампања на Пјерпаоло Пичоли и Марија Грација Кјури, откако пред некое време дизајнерката ја напушти модната куќа и замина во Диор.
Како и нивната есенска колекција, така и кампањата е целосно инспирирана од убавините на балетот и танцот воопшто.
Дел од кампањата се познатите модели Џулија Нобис, Карен Елсон, Џејми Бохерт и Кејтлин Ас кои за потребите на кампањата се претворени во прекрасни балерини.
Тие на совршен начин ги прикажуваат новите парчиња на брендот кои како и секогаш, имаат некоја особена магија во себе.
Облечени во романтични модели, тие изведуваат различни танцувачки потези пред објективот на познатиот Стивен Мејсел кој уште еднаш направи ремек дело.
Балетот години наназад е еден од најголемите извори на инспирација за дизајнерите ширум светот, но и голем дел од high street брендовите за следната сезона создадоа колекции полни со такви шармантни парчиња.
Погледнете ја последната заедничка кампања на Кјури и Пичоли во галеријата.