Колекција дресови со имиња на урбани ликови од францускиот бренд LES(ART)ISTS

21 јули 2014

Навистина не е потребно уште еднаш да го истакнуваме огромното влијание што го има Париз врз уличната мода и воопшто врз модната индустрија. Овојпат, ви претставуваме уште една одлична, свежа модна вест што ни доаѓа директно од Париз. Станува збор за независниот моден бренд LES (ART) ISTS, што во последно време доживеа вистинска експанзија!

За ваков бренд што на пазарот постои од 2012 година, мора да се признае дека истиот направи вистински чуда! Парчињата на брендот ги носат буквално сите, од вљубениците во високата мода, па сѐ до спортистите и урбаните ликови.

Последното нешто од брендот е одличната колекција маички инспирирани од американските фудбалски дресови со имињата на некои од најголемите светски ѕвезди и нивната година на раѓање, впишани на грбот.

Истите се изработуваат во црно – бела боја, а меѓу некои од најпродаваните досега се оние со името на дизајнерот Рикардо Тиши, Маргела, Заноти, музичарот Фарел и дизајнерот Раф Симонс.

Квалитетот и техниката со која се изработени маичките се едноставно неприкосновени, а со оглед на нивната огромна популарност во моментов, цената е на сосема нормално ниво.

Како што е и очекувано, маичките се распродаваат со огромна брзина, а кроевите не се стандардни, туку малку поголеми, што им дава дополнителна, неверојатно урбана нота.

Маичките важат за неверојатен спој на спортската и урбаната култура. Колекцијата на одличниот француски бренд се продава во внимателно одбрани продавници низ светот и тоа на полиците веднаш до парчињата на познатите светски модни брендови!

Објавено:
21 јули 2014
Категорија: 
Колекции