Во пресрет на зимата, секоја дама во својот плакар треба да има неколку парчиња со кои ќе ги збогати сите слоевити комбинации и во кои секогаш ќе изгледа ултра впечатливо.

Иако навидум едноставни, капутите се парчиња што секогаш нѝ се потребни без разлика каква комбинација ќе направиме и каде ќе ја носиме истата.

Покрај црниот, од големо значење за дамите е и капутот во крем нијанса, како една од основните која можеме да ја комбинираме со многу други бои.

Капутот во крем нијанса секогаш изгледа неверојатно елегантно и тренди, без разлика за каков модел станува збор.

Познатиот бренд Макс Мара создаде цела колекција токму со капути во ваква нијанса, па во истата секоја жена ќе го пронајде својот фаворит.

Почнувајќи од едноставни капути со рамен крој и ремен на половината, па сè до пелерини, модели со впечатливи џебови и капи, брендот создаде колекција во која знаеме дека ќе се вљубите.

Сите модели се ултра стилски и префинети, а можете да ги комбинирате со што и да посакате, почнувајќи од џинс и нежно џемперче, па сè до елегантен фустан и високи чизми.

Погледнете ја целата колекција и одберете го вашиот омилен.

Инфо и фото: Journal.hr

Објавено:
28 октомври 2019
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
997 пати