Како што самиот Пјер Паоло Пичоли ќе каже, за новата пролетна колекција се обидел фантазијата да ја претвори во реалност, па судејќи според моделите, токму тоа и го направил.

Сите креации на фантастичниот дизајнер од модната куќа Валентино беа неверојатни и тотално магично, но имаше и такви во совршена црна нијанса направени од извонредни материјали со впечатливи отвори и детали.

Ревијата дизајнерот ја започна со серија елегантни фустани во црна боја со кожени и плисирани детали, со длабоко деколте, тантела, наметки во пределот кај рацете и впечатливи црни отворени чевли со пердуви.

Продолжи со женски костими целосно израбтени од тантела, дел од памук со карнери во пределот кај градите, а потоа следеа бели лежерни фустани во комбинација со шик палта и волуменозни кожени чанти во неутрални бои.

На пистата можевме да видиме и впечатливи црвени фустани со ремени на половината, комбинирани со интересни волуменозни сламени шапки кои се чини ќе бидат хит и следното лето.

Нешто подоцна следеа и препознатливите колоритни принтови за брендот со рачно извезени моменти по кои дизајнерот е и познат.

Тој ниту овој пат не ги изостави романтичните тантелни фустани, па така сосема на крајот на ревијата можевме да видиме неколку во нежни бои украсени со сребрени детали и светки.

Целата колекција погледнете ја во галеријата погоре.

Фото: WWD

Објавено:
1 октомври 2018
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
557 пати