Колекција „Руска приказна“ на Олгица Ѓоргиева

9 мај 2013
Темата на Русија ја зачна пред неколку сезони, а Олгица Ѓоргиева руската приказна ја раскажува и во новата модна колекција наменета за сезоната есен-зима 2013/14. „Креирањето на оваа „Руска приказна“ почна да се ткае од самата идеја што јас сум голем љубител на руските бабушки и Русија како земја. Полето за инспирација е навистина големо, руски сказни, фолклор, богата архитектура... Сите заедно се слеани во модерна приказна за жените кои сакаат да зрачат со луксузност, кои имаат свој стил и знаат како да го носат тоа што ќе го облечат“, ни кажа дизајнерката. Користени се раскошни материјали како свила, тантела, кадифе и вештачко крзно, силуетата потсетува на ликовите од руските бајки, а референците на царска Русија може да се забележат во модните детали и на везовите и апликациите на самата облека.

APS_4462

 

 

 

Објавено:
9 мај 2013
Категорија: 
Колекции