Во период кога сите дизајнери ги објавуваат своите пред есенски колекции, Викторија Бекам се чини има една од најуникатните.

Нејзината колекција е преполна со слатки принтови, колоритни дезени, слатки апликации и што уште не.

Колекцијата неодоливо потсетува на некои топли ретро денови со сите прекрасни бои меѓу кои и црвената, зелената, сината, белата и секако црната.

Дизајнерката овој пат смести неодоливи апликации на фустаните од свила како куп овошје, џиновски јагоди, пијалаци, милкшејк и слично.

На дел од парчињата, особено кај фустаните, таа стави волуменозни карнери во долниот дел, но и кај ракавите и рамениците.

Во галеријата погоре, погледнете ги сите слатки парчиња од поинаквата колекција на Викторија Бекам.

Објавено:
17 декември 2015
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
674 пати