Конечно излезе долгоочекуваната колекција на Оливија Палермо!

14 февруари 2020

По деценското професионално присуство во модниот свет, една од блогерките-пионери, Оливија Палермо конечно ја лансираше својата прва колекција под својот бренд.

Во нејзиното долгогодишно искуство како модна блогерка, таа остваруваше партнерства и модни колаборации со познати брендови и модни куќи како Алтузара и Banana Republic, но сега конечно има своја модна линија.

Колекцијата долго време беше најавувана и можеби дел од маркетинг стратегијата беше да не држи подолго време во неизвесност, за конечно деновиве да биде пуштена во продажба.

Тие што ја следат нејзината кариера, ќе ја препознаат нејзината лична естетика како базична во колекцијата, а тоа подразбира елеганција и женственост на еден непретенциозен начин.

Првата нејзина колекција е наменета за претстојната сезона, пролет 2020, а цените на парчињата се движат од 275 до 1595 долари.

Од четврток истата ќе биде достапна во продажба на oliviapalermo.com.

Сите изгледи се сублимирани во лукбукот што имате можност да го погледнете во продолжение.

Објавено:
14 февруари 2020
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
2.550 пати