Конечно: „Новата девојка“ Зои Дешанел ја лансираше деби колекцијата!

11 април 2014

За некој со толку интересен и уникатен стил како Зои Дешанел, беше вистинско чудо што досега немаше сопствена колекција. Благодарение на Томи Хилфигер, талентираната актерка конечно се одлучи за таков потег и создаде навистина единствена и одлична колекција во која вклучи парчиња облека, чевли и тренди модни додатоци.

Нејзината прва, капсулна колекција е насловена „За Томи, од Зои“ и според многумина, истата ја очекува вистински успех.

Во колекцијата се вклучени 16 фустани по цена од 98 до 199 долари и шик селекција на чанти и модни додатоци со кои Зои одлично ги комбинира сите парчиња што неодоливо потсетуваат на модата на Хилфигер благодарение на боите што преовладуваат како црвена, бела и темно сина.

„Јас сум моден фанатик и секогаш барам нови начини за да го вметнам оној винтиџ, женствен стил во парчињата што ги носам. Томи и јас делиме многу слични инспирации – и двајцата сакаме ретро музика, класични филмови и ги обожаваме иконите на Холивуд“, вели Зои.

Младата и шармантна „Нова девојка“ вели дека инспирацијата за нејзината деби колекција била секако модата од 60 – тите и елеганцијата што дамите ја поседувале тогаш.

Токму на таа елеганција и ретро парчиња, Зои им даде тренди спортски дух и создаде супер колоритни парчиња.

Целата колекција е на продажба од денеска, а истата е достапна онлајн и нормално, во продавниците на Томи Хилфигер ширум светот.

Објавено:
11 април 2014
Категорија: 
Колекции