Познатата дизајнерка Стела Мекартни веќе долго време е една од омилените во светот на модата со бројни клиенти кои постојано уживаат во нејзините парчиња.

Оваа сезона таа конечно лансираше и машка колекција за што доби огромен број пофалби, а истата ја презентираше на вечера и забава во нејзиниот роден Лондон.

За новоста да биде уште поинтересна, истата таа ја прикажа во легендарното Abbey Road Studios каде нејзиниот татко Пол Мекартни снимаше со легендарните Битлси во 60 – тите години.

„Тоа некако дојде како совршено место за прикажување на мојата колекција. Наследството кое го има ова прекрасно место отсекогаш било блиско до моето срце, а и многу често доаѓав тука како дете. Оваа локација му значи многу на татко ми и мене“, посочи дизајнерката.

Таа додаде и дека голем дел од инспирацијата за новата машка колекција ја добила токму од ова студио и нејзиниот татко.

Покрај машката колекција, дизајнерката ја претстави и нејзината женска пролетна колекција за 2017 – та година во сосема друга соба од студиото каде моделите стоеја зад огромни микрофони облечени во фантастични парчиња со летни принтови.

Сосема очекувано, на забавата на која се служеле коктели, шампањско и пиво и се слушала одлична музика, присуствуваа голем број од познатите ѕвезди и нејзини пријатели.

Кејт Мос, Орландо Блум, Селма Хаек, МИА, се само некои од присутните кои уште еднаш ја поддржаа работата на дизајнерката.

„Многу сум среќен што конечно почна да прави парчиња за мажи и мислам дека на сите мажи ќе им се допадне колекцијата кога ќе ја видат, како што тоа беше случај со мене. Истата навистина е без грешка и неверојатно стилска, со одлична доза на вистински став. Ова е тоа што му требаше на црвениот килим“, изјави вечерта актерот Орландо Блум.

Во колекцијата на дизајнерката момците ќе најдат совршено скроени костими со малку поширок крој, интересни панталони и палта кои совршено одат заедно, одлично исплетени џемпери со впечатливи натписи, капути со принт, плетени тренерки, стилски бомбер јакни со апликации, многу модни додатоци и што уште не.

Погледнете ја целата колекција и дел од атмосферата на лансирањето на истата.

Објавено:
11 ноември 2016
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
84 пати