Креации од хартија, необработени рабови и парталави линии: Prada со „мода обликувана од човештвото“ на Модната недела во Милано

23 септември 2022

Миланската модна недела официјално започна во вторникот, а во нејзините рамки, вчеравечер Prada одржа ревија во Prada Fondazione на сцена обвиткана во црна хартија и инсталација со видео проекции на режисерот Николас Виндинг Рефн.

Снимките на кои беа прикажани капут закачен на дрвена трпезариска столица, празна кујна, жени кои мируваат на каучи, неизбежно асоцираа на она низ што помина човештвото во текот изминатите две години. Сепак, се чини дека со оваа колекција Миуча Прада и Раф Симонс бараат некаква „вистина за животот на жените"

„Животот и човештвото ја изработуваат облеката - не површни украси, туку траги на живеење. Оваа идеја за облека обликувана од човештвото не возбудува", рече Миуча Прада во подготвената изјава.

Фото: Vogue

Првите креации, меѓу кои беа и сивите, едноставни капути и сакоа, кои зачекорија на модната писта на прв поглед го демантираат човечкото со својата корпоративна анонимност, но со секоја нова презентирана креација, стануваше јасно дека целата ревија всушност претставува „соголување на човекот", откривајќи ги долните слоеви под формалната и безживотна облека, па сè до старомодната сатенска ноќница.

Фото: Vogue

Помеѓу највпечатливите парчиња кои се појавија на ревијата беа оние изработени од хартија „наједноставниот, најскромниот материјал", чии бели неправилни рабови постинуваа ефект на недовршено, свежно насликано уметничко дело.

Фото: Vogue

Во меѓувреме, плетените џемпери и здолништа се појавија со набори на одредени места, шлицовите на здолништата беа оставени со необработени рабови, а поставите доздола ги следеа истите речиси парталави линии.

Фото: Vogue

Погледнете како изгледаше последната ревија на Prada за модната недела во Милано.

Фото: Vogue

Објавено:
23 септември 2022
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
308 пати