LAFW во чекор со светските трендови

13 март 2014

колаз 2

Модното лудило во Лос Анџелес започна на 9-ти март а ќе трае до 19 -ти. Во рамки на оваа модна манифестација, се одржува и модна недела Style fashion week која завршува денес. Останатите денови се резервирани за различни showroom-ови, дебати и презентации.

Кога е во прашање она што тамошните вљубеници на модата можеа да го видат на SFW за сезона есен-зима 2014/15, може да се рече дека Лос Анџелес ги следи трендовите од големите европски, па и светски модни метрополи.

Така, кожата е мошне застапен материјал, а комбинациите со понежни и транспарентни материјали се вистински хит. Ретро нотата од 1950-тите и 1960-тите е една од актуелните трендови, па тесните здолништа со висок струк, како и оние во глок се полн погодок за следната есен. Не изостануваат ниту „блескавите“ материјали, како и оние со метален сјај, иако овој тренд не е толку изразен како во Лондон или Париз.

kolaz 1

Покрај урбаните и секојдневни парчиња, на оваа модна недела голем акцент се стави и на вечерните тоалети и облеката за свечени пригоди. Во овој поглед дизајнерите што се претставија, покажаа креации кои заостануваат за европските. Веќе видени и по малку демоде, кај нив не можеше да се забележи посебна иновација.

Андре Сориано Андре Сориано

Она што е впечатливо е и изгледот на манекенките. Стандардите со еврпските изгледа се разликуваат, па на пистата ретко можеше да се видат екстремно слаби манекенки и модели, а речиси сите имаа насмевка на лицето, нешто што не е својствено или макар не е често на европските писти.

tatiyana

Во продолжение погледнете дел од ревиите на оваа модна недела и споделете ги вашите впечатоци.

Објавено:
13 март 2014
Категорија: 
Колекции