Ланван: Колекција во која се обединети ретро естетика и актуелни трендови

27 февруари 2020

На актуелната модна недела во Париз, која ќе трае до трети март, својата колекција ја презентираше и модната куќа „Ланван“.

Она што се наметнува како прв впечаток е дека во парчињата за есен 2020/21 се обединети ретро естетиката, поточно онаа од 50 и 60 години од минатиот век, што се забележува и преку модните додатоци, кроевите и комбианциите на бои и принтови и актуелните трендови.

Кожа, романтични креации со карнери, истакната половина со ремени, лежерни силуети, наспроти долгите капути во строги линии и дворедни закопчувања, преземени од машките кроеви и естетика, посебно актуелни последниве сезони, се само дел од она што го нуди модната куќа за следната есен/зима.

Но, во контекст на сето ова, женственоста е нишката што ги обединува сите креации. Најмногу е нагласена во последниот дел од колекцијата, која се испреплетува со сјајот и луксузот, а фустаните што ја следат линијата на телото, со светкави елементи се нешто што сигурно ќе послужи како инспирација.

Всушност, ова е една разновидна колекција, во која можете да најдете парче за било кој дел од денот и пригода.

Погледнете:

Објавено:
27 февруари 2020
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
597 пати