Летната колекција на Моник Луилие е како создадена за летни свечености

6 јуни 2019

Американската дизајнерка со филипинско потекло неодамна ја претстави својата летна колекција. Моник и овој пат остана доследна на нежната естетика, правејќи жените да ја истакнат својата нежна и елегантна страна.

Токму такви се и креациите. Дизајнерката им дава предности на т.н. воздушести ткаенини - тулот, нежните тантели, муслинот, свилата, создавајќи пред сè долги фустани со карнери кои се апсолутен хит за летната сезона.

Плисираните парчиња исто така имаат почесно место, како и креациите со везени елементи.

На страна од лелеавите креации како создадени за летни забави, дизајнерката претстави и луксузни фустани со волуменозни здолништа од тул, асиметриечн горен дел и повторно карнери. Воочливо е дека Моник става акцент на според некои најженствениот дел од телото - половината, нагласувајќи ја со ремени со впечатлива тока.

Погледнете ги креациите, сигурни сме дека ќе ви го задржат вниманието:

Објавено:
6 јуни 2019
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
3.417 пати