Удобност, лелеавост и слобода би биле зборовите со кои на прв поглед би ја опишале колекцијата на Пол Смит за пролет-лето 2014. Ревијата ја отвори со сино женско одело, широко, но сепак со доза на скриен сексапил, за потоа да следат парчиња кои оддаваат впечаток на леснотија и комфорност.
Панталоните се широки, со машки крој, висок струк и ногавици подвиткани до глужд, кошулите лежерни и транспаренти, а покрај тоа на пистата се појавија и манекенки облечени во фустани, куси шорцеви, но не и во здолништа.
Всушност, она што ја прави колекцијата на овој дизајнер успешна е тоа што машката нота успеал мошне вешто да ја претвори во женственост, а притоа и да создаде парчиња во кои ќе се пронајдат жени од различни возрасни.
Својата модна приказна на пистата ја завршува онака како што и ја почнува, со одело, само во жолта боја. На тој начин уште еднаш потенцираше на доминантната естетика.
Во продолжение погледнете ја галерија со колекцијата за актуелнава сезона: