Љубов со потпис на Валентино

6 мај 2015

Valentino_LAmour-otvorna

Ако сте романтичарка, тогаш оваа најнова капсулна колекција на модната куќа „Валентино“ сосема ќе ве освои. Со наслов L’Amour, колекцијата е исполнета со мотиви на црвени срца, со што воедно сака да се укаже на обединетоста на љубовта, модата и уметноста. Ако судиме според прикажаното, оваа модна куќа знае да погоди во сржта на потребите и желбите на жените, па со тоа уште еднаш направија колекција што одлично ќе им се продава.

Освен облека, L’Amour вклучува и модни додатоци, повторно во црвена боја, а срцето е принт што се проткајува низ целата колекција, направен во соработка со италијанската уметница Џиосета Фиорони.

"Your eyes are the eyes of a woman in love" е слоганот што исто така ќе освои голем број женски срца ширум светот.

Тантелата е исто така неизоставен дел од најновите креации од модата куќа, а освен фустани, ќе се вљубите и во мокасините, свилените марами, здолништата, чантите...

Впрочем, ве оставаме да погледнете и самите да просудите дали ви се допаѓа Љубовта на Валентино.

Valentino_L'Amour_06Valentino_L'Amour_07Valentino_L'Amour_08Valentino_L'Amour_09

 

 

 

Објавено:
6 мај 2015
Категорија: 
Колекции