Лондонската модна недела се поклопи со деновите на жалост

20 септември 2022

По смртта на кралицата на 8 септември, лондонската модна недела бргу и ефективно подготви нов распоред на ревии со цел да се избегне конфликтот со периодот на жалост.

Смртта на кралицата и погребалните церемонии кои траеја неколку денови, видно имаа влијание врз начинот на кој се одвиваше модната недела, со што беше забележано намалено присуство, откажани забави, а меѓу другото, Раф Симонс и Барбери избраа целосно да ги откажат своите ревии во чест на кралицата.

Оние кои продолжија пак, воведоа одредени промени во своите агенди на начини на кои ѝ оддадоа почит на кралицата Елизабета Втора. Дел од нив вклучија специјално дизајнирани креации, симболични дезени и мотиви, како и пораки испишани на парчињата облека.

Во чест на кралицата и нејзината широкат поддршка за креативна слобода, Мајкл Халперн ја отвори ревијата со модел облечен во сина тоалета што Елизабета Втора ја носела на операта во 1957 година со тогашниот француски претседател. Неговата верзија беше силуета со шамија и наметка која чекореше на пистата во комплетна тишина.

Фото: wwd

Ненси Дојака ѝ оддаде почит на кралицата на својата ревија со тоа што постави тепих од бели хортензии и побара од моделите да носат гранче момина солза, за која е познато дека била омилен цвет на кралицата.

Фото: wwd

Фото: wwd

На својата ревија во пресрет на модната недела, Харис Рид на еден од своите модели ѝ даде букет од момини солзи да го носи со краткиот невестински фустан.

Фото: wwd

Во Британскиот музеј, Ердем го отвори својот спектакл на пистата со модел облечен во црн блејзер и долго здолниште, додека пак остатокот од неговата колекција понуди изобилство од силуети инспирирани од модата од средниот век, на кои им додаде кралски допир, преку специфични модни елементи како превези и долги возови.

Фото: wwd

Фото: wwd

Моделите на С.С. Дејли пак, беа облечени во бели кошули во спој со предимензионирани јаки и големи црни панталони. Секој од моделите кои чекореа по модната писта држеше запалена свеќа.

Фото: wwd

Фото: wwd

Кристофер Кејн се одлучи за цветни дезени врз неговите кратки фустани, специфично принтови од роза и афион, истакнувајќи дека овие цветови се „симбол за љубов, смрт, прослави и сочувство".

Фото: wwd

Фото: wwd

Дизајнерот Џонатан Андерсон зазеде поедноставен пристап. Андерсон, кој го организираше своето шоу на аркадата во Лас Вегас во Сохо, испрати модел во црна маица со натписот со годините на раѓање и смртта на кралицата, потсетувајќи на долгиот, неверојатен живот на Елизабета Втора и зборот „Благодарам".

Фото: wwd

Фото: wwd

Модната недела во Лондон продолжува денес.

Објавено:
20 септември 2022
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
171 пати