LUCID DREAMS IN TORN REALITIES - Нова капсулна колекција на Јована Филиповиќ и Ајбуке Баркчин

11 јуни 2021

Дизајнерката Јована Филиповиќ ја претставува новата капсулна колекција за Есен/Зима 2021 насловена како „Lucid Dreams in Torn Realities“, во соработка со дизајнерката Ајбуке Баркчин.

„Колекцијата претставува олицетврорение на едно пријателство кое доведе до сработка, каде и двајцата креативци решија да размислат за разорните ефекти на пандемијата и да претстават колекција што ја потенцира важноста на сонувањето и младешката фантазија“, велат од тимот.

Женственоста, функционалноста, елегантноста и препознатливиот монохроматски израз на Јована Филиповиќ, овој пат е надополнет со енергијата и уметничкиот израз на Ајбуке Баркчин, која се јавува како ко-дизјанер/соработник на колекцијата.

Инаку, своето искуство Баркчин го гради најпрвин во Турција, студирајќи меѓународни односи и графички дизјан, а патиштата со Јована ќе им се спојат во Италија, на факултетот за мода - Полимода и веќе истата година почнуваат да соработуваат на неколку проекти.

Токму тоа пријателство е и почетната инспиративна точка на Капсулната Колекција за Есен/Зима 2021, и обидот да се трансформираат нивните две тотално различни креативни енергии во еден хомоген приказ.

Втората инспирација е спој од книгата на Луис Керол - „Алиса во земјата на чудата“ и Јапонското Аниме - „Паприка“, базирано на новелата на  Јасутака Цуцуи. 

Колекцијата содржи вкупно 18 изгледи, и секој изглед по себе носи некоја приказна раскажана или прераскажана во вид на форма, идеја, порака или принт. Црвените рози кои се јавуваат како принт на кошулите црпат инспирација од средбата на Алиса со кралските градинари кои ги бојат белите рози во црвени, и истовремено се референца на еден вид ескапизам и создавање на своја нова
реалност, спротивставувајќи и се на природата.

Плисираното свилено здолниште во интензивна сина нијанса,  носи референца од познатата сина боја
на Волт Дизни, која буди сеќавање на младост, наивност и бајковитост. Принтовите на црвената кошула се реинтерпретација на неколку верзии од најпознатите приказни на Дизни, прераскажани и претворени во "реални" приказни, со цел да илустрира како може да изгледа "растргнат" животот кога се напушта
чинот на сонување.

Чувството на топлина е присутно во кадифените парчиња, кои го опкружуваат телото како да се буди од сон. Добро скроените парчиња со цврсти и дефинирани јаки се тука да го заштитат телото, и да изразат моќ и сила. Елемент на разиграност е пренесен преку боите, како и по неочекуваниот стајлинг.

Сите изгледи се надополнети со модни додатоци, ланчиња - чокери и алки кои имитираат трње и рози. Како и синџири кои претставуваат симболична референца за прицврстување и втемелување во новата реалност.

 

 

Објавено:
11 јуни 2021
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
33 пати