Магична колекција на Ели Сааб – пролет како симбол за раѓање одново

1 октомври 2020

Како да сакаше да се ослободи од целиот терет што оваа година го донесе со себе, а за Либан и Бејрут тоа беа и другите национални катастрофи покрај пандемијата, дизајнерот Ели Сааб создаде колекција за сезоната пролет-лето 2021 во која ја чувствувате целата леснотија, полет и пролет – како реинкарнација и како преродување, како симбол за раѓање одново.

Фотографирана во природа со која дава акцент на возобновената комуникација на човекот со природата и со самиот себе, либанскиот дизајнер преку бои кои симоблизираа чувство на ослободување, мир, вечност, но и тага и губиток, даде дизајнерски опус на сите емоции со кои и самиот се соочува во овој хаотичен период.

Но, како спротвност на хаосот што нè опкружува, неговата нова линија е одраз на ултимативна убавина, магична и волшебна. Каква што всушност е и традиција во неговото творештво.

Вметна женственост, елеганција, но и свечен изглед со нота на минимализам.
На моменти светкава, а на моменти смирена во базични тонови, со грациозни финеси, текстури и материјали, целината е како парче сон од кој не сакате да се разбудите.

Фото: Vogue

 

Објавено:
1 октомври 2020
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
2.074 пати