Магично-носталгична колекција на Мезон Бохемик за оваа сезона

24 септември 2014

Мистериозните дизајнери на брендот Мезон Бохемик, им подготвија слатко зимско модно задоволство на своите обожаватели. Креациите раскажуваат приказна во која се чувствува носталгија, а боите на жолтата есен и белата зима дополнително ја збогатија колекцијата која е целосно инспирирана од три ѕвездени дами.

Директна инспирација во креирањето на оваа линија  се Џејн Биркин, Џеки Кенеди – Оназис и Натали Вуд. Кинематографската историја и најзначајните дела на филмското платно како филмовите на Хичкок, мегахитот „Бони и Клајд“ и безвременскиот филм „Појадок кај Тифани“  беа само насока која ги стимулираше енергиите на дизајнерскиот тим за тие да создадат неверојатно префинети парчиња, проткаени со голема доза на женственост, беспрекорна линија, елегантен крој и магичен изглед.

Во поглед на боите оваа линија се воздржува од светлите и свежи нијанси и е комплетно во духот на традиционалната црна, црвена и бела боја, со нежно розови тонови. И принтовскиот аспект е испочитуван па така јатата птици беа неизоставна апликација на дел од парчињата, како и везените бисерни камења , декорирани со цветни дезени. Богата плејада на модели кои се олицетворение на нежниот, грациозен и провокативен карактер на секоја жена.

 

Објавено:
24 септември 2014
Категорија: 
Колекции