Мајкл Корс: Колекција за жени што знаат да ги користат можностите

13 септември 2019

Њујоршката недела завршува денес, а меѓу последние ревии беше и онаа на Мајкл Корс. Дизајнерот направи спој на неколку трендови за следната пролетна сезона - наутичкиот стил, ѕвездите како принт, ригите, а во креациите можеше да се препознае и влијанието од Холивуд од 40-тите, како и панк елементи.

„Оваа колекција е став за можностите, за оптимизмот“, вели дизајнерот. При создавање на новите креации многу влијаела и неговата посета на Островот Елис, од каде потекнува неговата прабаба. Како што ќе раскаже, таа во Њујорк допатувала сама, имала 14 години и 10 долари во џеб.

„Фактот што успеала да создадае живот и тоа што јас бев во можност да создадам живот тука...Тоа е Њујорк“, ќе каже Корс.

Токму затоа, оваа колекција е посветена на можностите, а и парчињата што ги презентираше, нудат многу можности за комбинирање.

Нагласените раменици и слоевитоста се влијанија од 70-тите и 80-тите, но сосема трендовски спакувани. Како и секогаш, тој размислува за жената во сите ситуации, па колекцијата содржи и комбинации каде доминира спортската нота, за да се заокружи со елегантни фустани со сјај. 

Женственоста и овој пат е присутна, но во поголема комоција. Посебно ни се допаѓа како функционира слоевитоста кај Корс, идеална за различни временски услови.

И покрај длабоката, пред се за него, приказна во позадина на ревијата, тој секогаш дава практични решенија, што е случај и овој пат.

Во продолжение погледнете ја целата колекција и кажете ни како ви се допаѓа:

Објавено:
13 септември 2019
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
1.323 пати