Македонски и бугарски фабрики преку модни ревии до заеднички бренд

30 ноември 2015

Девет модни ревии на македонски и бугарски текстилни фабрики се одржаа во галеријата „Безистен" во саботата во Штип, во насока на градење на зеднички регионален бренд и поставување подобри стандарди во текстилното производство.

AFG

На настанот организиран од македонскиот Текстилен кластер во соработка со Моден викенд Скопје, колекциите ги претставија домашните текстилни фабрики „Амор", „Астибо фешн груп", „Кули" и „Ларс" и бугарските „Витал", „Пирос", „Нов свет", „Мартекс" и „Silver day".

Lars Jeans

На ревиите дента им претходеше и форум во Штип на кој членовите на кластерите дискутираа за проблемите со кои се соочуваат фабриките од двете земји и за идните активности со кои би се подобрил имиџот на текстилните индустрии во регионот.Фабриките се обединија во рамките на пограничниот проект „Јакнење на капацитетите на текстилната индустрија во пограничниот регион преку учење на добри практики и имплементација на промотивни активности" кој Текстилниот кластер од Македонија го спроведува во партнерство со Браншовата организација за текстил и облека од Бугарија. За шминка и фризура на моделите се погрижи салонот за убавина „Silhouette Штип". Поддршка на модниот настан даде и винаријата „Тиквеш".

Amor

Проектот е финансиран од Европската унија преку ИПА програмата за Погранична соработка помеѓу Македонија и Бугарија а организациона и логистичка поддршка беше обезбедена и од Опшината Штип.

Kuli

Vital

Marteks

Nov Svet

Piros

Silver Day

Фото: Емилија Маневска

Објавено:
30 ноември 2015
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
869 пати