Манго колекција во стилот на лудите 70 – ти!

26 мај 2015

Големото враќање на стилот од 70 – тите години се провлече буквално во секоја колекција за оваа и следната сезона, а тоа е случај и со неодоливите парчиња на Манго!

Брендот конечно го објави новиот лукбук за сезоната есен/зима 2015 – та година, а во истиот можеме да видиме прекрасни ретро и разиграни парчиња.

Дел од колекцијата се парчиња во земјени тонови, а низ истата се провлекуваат и неверојатно романтични модели во прекрасна бела боја.

Во новата колекција на еден од најпопуларните шпански брендови, љубителките на модата ќе можат да најдат одлични капути, кафтани, комбинезони, лежерни кошулки и неодоливи здолништа.

За следната сезона, брендот понуди и одлични комбинации за на работа, но и романтични стајлинзи за ноќи полни љубов.

Според понудата на Манго, ретро комбинациите дефинитвно ќе владеат низ улиците следната студена сезона!

Објавено:
26 мај 2015
Категорија: 
Колекции